Официјално: Севилја го врати Банега од Интер

Евер Банега по една година пауза повторно е член на Севилја откако клубот од Андалузија ги договори сите детали со Интер за камбек на аргентинскиот плејмејкер. Тој минатото лето дојде на „Џузепе Меаца“ како слободен играч, но откако не е наметна како стартер од страна на управата му беше дозволено да ги промени клупските бои.

Севилја реагираше експресно и го договори овој трансфер, плаќајќи девет милиони евра за својот екс-фудбалер.

„Можеме да потврдиме дека Евер Банега е нашето прво засилување во овој преоден рок. Постигнавме договор со Интер за реализацијата на овој трансфер и Банега повторно ќе биде дел од нашата екипа. За разлика од оваа тема, не успеавме да се договориме околу Стеван Јоветиќ, па веќе нема никакви шанси овој голгетер повторно да дојде во Севилја“ – се вели во соопштението на шпанскиот прволигаш.

Клубот од Андалузија е во потрага по нов голгетер, а на врвот на листата со желби се наоѓа Муриел од Сампдорија.

Се вчитува...