Официјално: Шкупи пак во елитата, Првата лига ќе има 11 екипи

Веќе нема никакви дилеми, Шкупи и во наредната сезона ќе биде дел од елитното кошаркарско натпреварување откако клубот од Чаир ја доби согласноста на сите останати прволигаши за да остане дел од Првата лига.

Клубот од Чаир не ги испочитува двата дадени рока од страна на Македонската Кошаркарска Федерација за плаќање на котизацијата, но во меѓувреме најде стабилен спонзор и упати барање да биде вратен во елитата.

Сите прволигаши дадоа зелено светло за камбек на Шкупи, по што и УО на МКФ ќе го прифати ставот на клубовите, па на денешното ждребање ќе учествуваат единаесет прволигаши.

Здружението на Прволигаши повторно го избра Видоја Секуловски од МЗТ Скопје за свој претседател, како главна борба најавувајќи ја желбата на клубовите повторно да ја земат под свое контролата над лигата, нешто што им беше одземено пред неколку години од страна на претседателот Наумоски.

Се вчитува...