Кевин Стротман од денеска е нов член на Олимпик Марсеј, откако францускиот клуб конечно постигна договор со Рома околу финансиските детали од овој трансфер. „Римската волчица“ долго време инсистираше на отштета од 30 милиони евра, за денеска директорот Мончи да ја прифати понудата од „Велодром“ вредна 25 милиони евра, плус три милиони преку неколку клаузули.
„Холандија, Италија и сега Франција за неговиот нов предизвик во Олимпик Марсеј. Кевин Стротман настапувал за четири клубови во своите 12 сезони како професионалец. Сега е еден од нас“ – го објави Олимпик трансферот на 28-годишниот холандски фудбалер.
Стротман доаѓа во Марсеј на инсистирање на тренерот Руди Гарсија, со кого имаше беспрекорна соработка додека тој седеше на клупата на Рома.
Fortnite-based announcement from Marseille on the signing of Kevin Strootman from AS Roma. €25m deal. pic.twitter.com/vHDm2I526h
— Get French Football News (@GFFN) August 28, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА