Официјално: ТФТ го претстави Еван Ленард (ФОТО)

Еван Ленард од денеска и официјално е нов играч на ТФТ откако клубот од Тафталиџе успеа да го договори 25-годишникот кој доаѓа на местото на Јован Моринг. Како потсетување, Американецот нема да биде дел од клубот поради недоволна физичка подготовка.

Ленард во Тафталиџе доаѓа по успешна сениорска сезона на Универзитетот Ирвајн каде бележеше просек од 12.5 поени, 3.4 скока и 2.1 асистенција по натпревар со што се очекува да биде од голема помош на „црно-белите“ во борбата на три фронта следната сезона.

Се вчитува...