ОФИЦИЈАЛНО: Тони Крос ќе ја предводи Германија на ЕВРО 2024

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман прв го објави списокот на Европското првенство 2024 на кое токму „панцирите“ ќе бидат домаќини.

И официјално потврдено е дека во репрезентацијата се враќа легендата на германскиот фудбал Тони Крос, кој прави кам-бек во дресот на „панцирите“.

Oд позвучните имиња кои не се најдоа на списокот е дефанзивецот на Борусија Дортмунд Матс Хумелс кој има одлична сезона во дресот на „милионерите“ со кои стигна до финалето во Лигата на шампионите. На списокот ги нема и: Леон Горецка, Јулијан Брандт, Никлас Суле, Тимо Вернер и Серж Гнабри.

Се вчитува...