Официјално: Тоти заминува од Рома по 30 години

Легендата на Рома, Франческо Тоти најави дека заминуа од клубот по поминати 30 години. Франческо Тоти дојде во Рома во 1989 година, а три години подонца го одигра првиот натпревар во сениорска конкуренција. Во Рим ја помина целата кариера, а во 2002 година клубот го однесе до титулата во Серија А. На двапати ги освојуваше и Купот и Суперкупот на Италија.

Тоти заминува бидејќи е незадоволен од улогата која ја доби во клубот, бидејќи очекувал по заминувањето на Мончи да ја добие функцијата на спортски директор со што ќе биде активно вклучен во донесувањето на одлуки.

 

Се вчитува...