Кожув продолжува со засилувањата во пресрет новата сезона. По задржување на костурот на тимот и ангажманот на неколку странски кошаркари, како и поранешниот репрезентативец Димитар Караџовски, денеска прволигашот ја потврди соработката со три нови имиња.
Станува збор за доскорешните кошаркари на МЗТ Скопје, Димитар Пандев и Дарио Митевски како и младиот талент Павел Иванов.
Пандев и Митревски во шампионската сезона на МЗТ Скопје забележаа скромен учинок. Центарот настапи на 24 натпревари во Прва лига бележејќи просек од 5.8 поени и 3.8 скокови, додека бекот одигра осум натпревари на кои постигна просек од 1.4 поени по натпревар.
Иванов пак ги засилува гевгеличани од редовите на новиот прволигаш Вардар каде имаше значајна улога во изборување на место во „елитата“ на македонскта кошарка. 18-годишникот покрај во Втората лига броеше настапи и во младинската категорија каде го предводеше скопскиот тим до златниот медал, а беше прогласен и за МВП на завршниот турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА