Официјално: УЕФА ги одложи мечевите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одложи сите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа кои треба да се играат следната недела поради пандемијата од коронавирусот која ја зафати Европа.

Реванш натпреварите од Лигата на шампионите кои беа закажани за 17. и 18. март, реваншите од Лигата на Европа кои беа закажани за 19. март и натпреварите од младинската Лига на шампиони (17. и 18. март) се одложени на неопределено.

 

Се вчитува...