Македонскиот младински репрезентативец Димитар Узунчев и официјално е член на Целје откако денеска го стави својот потпис на договорот со шампионот на Словенија.
Узунчев важи за еден од најголемите таленти во мак-ракометот, минатата сезона ги бранеше боите на Бутел, а претходно настапуваше и за тимот на Мулти Есенс. Тој летово доби неколку понуди од странство, но го избра Целје како идеален клуб за натамошен развој во кариерата.
Се очекува тој да добие значајна улога на стартот на сезоната, ако се знае дека првата опција на оваа позиција во тимот на Целје, Маргуч е повреден и ќе отсуствува најмалку до крајот на октомври.
„Овој трансфер за мене е огромен чекор напред во кариерата, огромна чест е да се биде дел од клуб со таква традиција, клуб што така одлично развива млади ракометари. Среќен сумм што сум дел од оваа приказна, да можам да заиграм во Лигата на Шампионите е исполнување на мојот сон. ќе сторам се за да ја оправдам довербата и да помогнам да оствариме што подобри резултати“, истакна Узунчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
