ОФИЦИЈАЛНО: Вардар 1961 ќе биде дел од „нокаут“ фазата во Лигата на шампионите

Ракометниот клуб Вардар 1961 година ќе биде дел од нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да направи промена на форматот поради големите проблеми предизвикани со пандемијата од коронавирусот.

Поради големиот број на одложени натпревари поради Ковид-19 од ЕХФ одлучија сите 16 клуба да обезбедат учество во 1/8 финалето. Тоа значи дека првопласираниот од двете групи ќе игра со последниот, вториот ќе се сретне со седмиот, додека третиот ќе игра со шестиот, односно петтиот со четвртиот.

Поради Ковид-19 проблемите токму Вардар е еден од тимовите кој се соочи со најголеми проблеми, а последно е тоа што на скопскиот тим му беа одложени натпреварите со Пари Сен Жермен и Фленсбург.

Се вчитува...