Официјално: Вејн Руни потпиша за ДЦ Јунајтед

Вејн Руни потпиша тригодишен договор со ДЦ Јунајтед во американската МЛС -лига. Досегашниот напаѓач на Евертон и легендарен англиски фудбалски репрезентативец ќе го официјализира трансферот по 10 јули кога ќе почне преодниот рок во САД. Вредноста на договорот е 10 милиони фунти што го прави, Руни најскапиот играч на клубот.

Руни во претходните две сезони беше дел од Евертон каде што се врати по тринаесет години во Манчестер Јунајтед. Тој за „карамелите“ одигра 31 натпревар и постигна 10 гола.

За ДЦ Јунајтед, Руни ќе дебитира на отворањето на новата арена на клобот на 14 јули.

Рекордерот по постигнати голови за Манчестер јунајтед и за англиската репрезентација, Премиер-лигата ја напушта како втор голгетер во историјата со 208 погодоци. Пред него е само Алан Ширер со 260.

 

 

Се вчитува...