ОФИЦИЈАЛНО: Висар Муслиу потпиша со германскиот Инголштад

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Висар Муслиу и официјално е претставен како нов фудбалер на германскиот второлигаш Инголштад. Муслиу во Инголштад преминува од редовите на унгарскиот МОЛ Фехервар од кој беше дел од 2019 година.

„Многу сум среќен што потпишав за ФК Инголштад 04. Посебно е тоа што ќе играм во Германија. Првите впечатоци од клубот и разговорите со раководството беа многу позитивни“, изјави Муслиу.

Инголштад се наоѓа во тешка ситуација сезонава откако по 19 одиграни натпревари е закован на дното во втората лига на Германија.

Се вчитува...