Официјално: Вокер во Барнли во следните две години

И официјално, англискиот репрезентативец Кајл Вокер потпиша за Барнли со перманентен трансфер и тој во следните две години ќе го носи дресот на овој тим, во кој треба да се врати и Дарко Чурлинов по позајмицата од Јагиелонија.

Вокер во изминатите шест месеци беше на позајмица во Милан. Иако имаше опција за откуп, сепак, клубот од „Сан Сиро“ не ја активираше, па тој се врати во Сити. Со оглед дека Пеп Гвардиола не смета на него, тој мораше да си бара нов клуб.

Се вчитува...