Најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар официјално го потврди своето најново и најзвучно засилување. Нов член на „црвено-црните“ е искусниот репрезентативец на Луксембург, Жерсон Родригез Кореа Леал.
Станува збор за исклучително квалитетен напаѓач со богато меѓународно искуство, кој во својата кариера настапуваше за клубови како Динамо Киев, Троа, Сиваспoр и Слован Братислава.
Неговото пристигнување во Скопје се очекува драстично да ја зголеми конкуренцијата во нападот и да донесе дополнителен квалитет во тимот на Вардар во борбата за што подобар пласман во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
