Официјално: Жута замина во Валеренга

Леонард Жута стави крај на авантурата во редовите на Лече откако денесака го комплетираше својот трансфер во редовите на Валеренга.

Поранешниот македонски репрезентативец пристигна во Лече во јуни 2020 година од редовите на шведски Хакен, но не успеа да се избори за првотимски статус во овој клуб. Откако Лече не успеа да обезбеди влез во елитното друштво овој клуб се реши за промени во играчкиот кадар, што значеше и зелено светло за заминување на неколку фудбалери, меѓу нив и Жута.

Лече официјално потврдува дека го продаде, со перманентен трансфер, Леонард Жута на Валеренга, клуб од првата норвешка лига“, објави клубот на официјалната веб-страница.

Покрај Жута од редовите на Лече си заминува и Бобан Николов, кој не потпиша нов договор со клубот и наскоро ќе донесе конечна одлука околу следната дестинација во кариерата.

Се вчитува...