Официјално: Зинедин Зидан нов тренер на Реал Мадрид до 2022 година

Францускиот стратег Зинедин Зидан се враќа на местото на најголемите успеси. Тој е нов тренер на Реал Мадрид и се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ од каде замина пред почетокот на сезоната и потпиша договор до 30 јуни 2022 година.  Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, се обиде да го замени Французинот со шпанскиот селектор Хулен Лопетеги, а потоа и со Сантијаго Солари, но увиде дека сепак Реал Мадрид загуби многу со неговото заминување.

„Бордот на директори на Реал Мадрид на денешниот состанок одлучи да го прекине договорот со Сантијаго Солари, но му понуди да остане дел од клубот, заблагодарувајќи се на неговата досегашна работа во сениорскиот погон. Исто така, Реал Мадрид одлучи веднаш да го назначи Зинедин Зидан за нов шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона, и наредните три сезони, со договор до 30 јуни 2022 година“, се вели во соопштението на шпанскиот гигант.

 

Се вчитува...