Официјално: Златан се врати во Милан

Златан Ибрахимовиќ повторно е фудбалер на Милан, со видео на социјалните мрежи потврдија од италијанскиот клуб. Медицинските прегледи ќе бидат извршени на 2. јануари, по што популарниот Ибракадабра ќе потпише договор со италијанскиот гигант.

Ова за искусниот Швеѓанец ќе биде втора авантура на „Сан Сиро“ откако во клубот беше од 2010 до 2012 година. Во тој период тој за „росонерите“ одигра 50 натпревари на кои запиша 42 гола. Тој со Милан ја освои калчолигата во сезоната 2010/2011, а беше освојувач и на Суперкопа на Италија во 2011 година. Тој во Милан доаѓа како слободен фудбалер, откако му истече договорот во МЛС клубот ЛА Галакси.

 

Се вчитува...