„Бомба-трансфер“ во Минхен: Хамес Родригез во Баерн

Германскиот првак Баерн Минхен заврши фантастична работа успевајќи да го осигура трансферот на Хамес Родригез. Колумбискиот ас не криеше дека е незадоволен во Реал Мадрид, „кралевите“ интензивно бараа купец за него, а Баерн заврши одлична работа успевајќи да го осигура трансферот на овој извонреден офанзивен фудбалер.

Тимовите се договорија тој да замине на двогодишна позајмица на „Алијанц арена“, за што баварскиот гигант ќе плати 10 милиони евра. Според весникот „Ас“, Баерн ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор за 35,2 милиони евра, со што Реал во најдобар случај би заработил 45,2 милиони евра, далеку под сумата од 80 милиони евра што му ја плати на Монако при доведувањето на Колумбиецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Хамес Родригез ќе заработува по шест милиони евра по сезона и ќе има можност повторно да игра за Карло Анчелоти, со кого имаше беспрекорна соработка во Реал Мадрид.

Се вчитува...