ОФМ: Нема разочарување, момците покажаа како се бранат националните бои

Македонската одбојкарска репрезентација не успеа да се најде во осминафиналето на Европското првенство, откако во последниот натпревар во групата Финска славеше против Турција со 3-2, резултат кој им одговараше на двете селекции за место во елиминациската фаза.

По поразот на Турците, се огласи и Одбојкарската федерација на Македонија од каде порачаа дека нема простор за разочарување по дебитанскиот настап на ЕП…

„Нашите момци го завршуваат настапот на Европското првенство. Одлично искуство и феноменален настап. Покажаа како се бранат националните бои. Може да се тагува, но не премногу, ниту пак предолго. Наредните квалификации се во август, а следното Европско за две години. Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да зборуваме за прв поен, прв сет или прва победа. Тогаш ќе зборуваме за прво осминафинале! Секогаш со срце за МАКЕДОНИЈА. Ви благодариме на сите за неизмерната подршка“ – се вели во краткото обраќање преку социјалните мрежи.

Се вчитува...