Огњен Врањеш го откри скандалот: Со Карлеуша имав двегодишна љубовна афера

Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш одлучи да ја открие комплетно во јавноста љубовната афера со српската пејачка Јелена Карлеуша. Тие две години имале тајна афера, се состанувале во Грција и во Белгија, дури и во домор на пејачката. Нивната афера беше откриена на почетокот на оваа година, кога мажот на Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, се вратил од Кина во Белград. Тој во мобилниот телефон на Карлеуша нашол тајни разговори.

„Почитувани претставници на медиумите, немаше да го направам ова ако не бев изложен на тортури и обвиненија и закани на моето семејство од страна на госпоѓа и господин Карлеуша. Со оглед на тоа дека се подготвени да направат сѐ само да се одбранат себе си и своето семејство, ја сум подготвен да ја кажам целата вистина, а тоа е следната: Јелена и јас се запознавме преку Инстаграм пред две години и така се започна. Таму си ги разменивме и телефонските броеви и така започна сѐ ова. За тие две години доживеавме и преживеавме сѐ и сешто. Од заеднички патувања, доаѓања кај мене во Атина, гледања на разни места, па дури и кај нејзе во куќата. Во сето тоа имаше убави и помалку убави моменти. Пресветата Јелена сега глуми јака жена, а преку пријатели и познаници моли и плаче, што е типично за нејзе, кога нешто ѝ треба. Затоа да утврдиме: јас не сум ниту нејзин фан, ниту психопат, како што таа сака да ме претстави, тоа попрво ќе биде она самата и подготвен сум со докази да го докажам тоа. Никого ниту сум бркал на интернет, ниту сум присилувал, сѐ беше доброволно, на заедничко задоволство. Затоа, господине Карлеуша и госпоѓо Тошиќ, виновникот барајте го меѓу вас, а не кај мене. Доцна се сетивте на патетиката и спинувањето. Мене ми е многу жал што на сѐ ова е изложено моето семејство, но ова е единствен начин да ја кажам вистината, а со тоа да се заштитам самиот себе и моето семејство од понатаможни обвиненија. За почеток еве ви еден доказ. Со почит, Огњен Врањеш“, напиша Огњен Врањеш.

Се вчитува...