Ограбена Андреа Лекиќ!

Ракометарка на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ, синоќа е ограбена. Таа пријавила во полиција дека синоќа бил ограбен нејзиниот дом во Скопје, потврди МВР. Според пријавата, во периодот од 19 до 22.15 часот непознат сторител со насилно влегување преку прозорец пронашол и одзел 5.000 евра во станот каде таа живее под кирија.

Српската интернационалка веднаш го пријавила немилиот настан во полиција, а направен е увид, по што се очекува органите на јавниот ред и мир да ги преземат сите мерки за пронаоѓање на сторителот.

Андреа Лекиќ го продолжи договорот со ЖРК Вардар и ќе остане во Скопје и во наредните две години.

Се вчитува...