Легендарниот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро доживеал голема непријатност откако неговата куќа во родниот Тандил била ограбена.
Според извештаите, крадците одзеле трофеи, медали, накит и бројни вредни предмети од домот на поранешниот тенисер, вклучувајќи и венчален прстен што му припаѓал на неговиот татко.
Дел Потро постигна голем успех во текот на својата кариера и долго време беше еден од најдобрите тенисери во светот. Најголемиот момент во неговата кариера е секако освојувањето на Отвореното првенство на САД во 2009 година, додека двапати играше во полуфиналето на Ролан Гарос и еднаш стигнал до истата фаза на Вимблдон.
На Отвореното првенство на Австралија, негов најдобар резултат беше четвртфиналето.
Аргентинецот освои два олимписки медали сребрен и бронзен, а заработил 25.896.046 долари во награди од турнири за време на својата богата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
