Сериозен инцидент се случи за време на натпреварот меѓу Еибар и Севилја, кога дел од гостинските навивачи при прослава на вториот гол се најдоа на тревата откако се скрши заштитната ограда од трибините каде што беа сместени.
Банега стрелаше прецизно за водство од 0-2, а навивачите вообичаено тргнаа кон долниот дел од трибината, никој не очекувајќи да може да се случи она што се случи. Гостинските фудбалери притрчаа да им помогнат на своите приврзаници, дојдоа и медицински лица, по што неколку навивачи на носилки беа однесени со возила за брза помош во најблиската болница.
Според првичните информации од шпанските медиуми не станува збор за премногу сериозни повреди, па за среќа овој инцидент немаше и пострашни последици.
Stand just collapsed where the Sevilla fans were celebrating and pushing forward after Bamenga’s penalty goal! ? pic.twitter.com/AiY8l4Gx3g
— @QuorumSpain (@routeonepro) September 29, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА