Огромен интерес за мечот Македонија – Косово: За еден ден продадени 5.000 билети

Огромен е интересот за полуфиналниот бараж-натпревар од Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово кој на 26. март треба да се игра на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.

За еден ден од стартот на продажбата на билетите веќе се распродадени повеќе од 5.000 билети. Токму поради големиот интерес ФФМ го зголеми работното време на билетарата на националната арена до 21 часот. Покрај на продажните пунктови кои од поодамна се поставени во пооделни градови во земјава, билети може да се купат и во просториите на Општинските фудбалски сојузи.

Како што претходно информираше ФФМ, билети може да се купат на следните продажни места:

–  Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот)

–  T.A. Глобус – Охрид

–  T.A. Бран – Прилеп

–  Кафе бар „Концепт“ – Струмица

–  Симбол Кафе – Штип

–  Литература – Битола

–  Киоск Корзо – Неготино

–  Уни сон – Велес

–  Тобако Лени + – Гевгелија

–  Либеро Травел – Кочани

Билетите за јужната и северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари. Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа). Секој билет ќе биде персонализиран.

Се вчитува...