Огромен напредок од 52 места на Лина Ѓорческа на најновата ВТА листа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, по пласманот во полуфиналето на 80.000 долари вредниот ИТФ турнир во Визбаден, Германија, напредуваше за 52 места на најновата ВТА листа.

Одличните игри во Визбаден и донесоа на Ѓорческа огромен напредок, па сега е на 275. место на ВТА листата со 238 бода.

На врвот на листата нема никакви промени. Прва е Ешли Барти, пред Белорусинката Сабаленка и Плишкова од Чешка. На четвртото место сега е Ига Свјатек од Полска, која напредуваше за две позиции пред Крејчикова од Чешка.

Се вчитува...