Сензационална вест од Аргентина во денешните рани утрински часови. Еден од најупатените светски новинари во и околу ситуацијата со Лионел Меси, Мартин Аревало има, како што вели, нова ексклузива:
„Лионел Меси веќе сериозно е на став да остане во Барселона до следното лето и потоа во голем стил, без отштета по крајот на договорот, да го напушти клубот. Сега веќе шансите Меси да остане во Барселона се 90%“ – пренесе новинарот на аргентинската телевизија.
Како што дополнува, веста дека Меси останува во Барселона би можела да биде соопштена официјално уште денеска. И сето тоа по синоќешниот состанок меѓу претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу со таткото на Лионел Меси.
„Денешниот ден ќе даде одговор на прашањето околу иднината на Меси. Но, сега најверојатно е сценариото кое до вчера изгледаше неверојатно. Раководството на Барселона буквално го моли да остана. Тоа е и пресудно Меси да се премисли“ – пишува Мартин Аревало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА