Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски заработи тешка повреда на левата фибула која ќе го оддалечи од терените на подолг период, потврди и неговиот клуб Лугано.
Алиоски заработи повреда по силлен удар од противнички фудбалер за време на натпреварот против Сервет во швајцарското првенство, по што мораше да го напушти теренот уште во 21. минута.
За овој вид на повреда потребно е подолг временски период на рехабилитација која обично трае од осум до дванаесет недели што се лоши вести за селекторот Благоја Милевски пред одлучувачкиот натпревар против Велс во Кардиф на кој Македонија може да стигне и до втората позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

