Огромен срам на судијата Тејлор: Навивачи на Рома го „начекаа“ на аеродром, полицијата му спасуваше глава (ВИДЕО)

Рома не успеа да дојде до трофејот во Лигата на Европа откако синоќа по изведувањето на пеналите загуби во Будимпешта. Фановите на Рома за сето тоа го обвинуваат главниот судија Ентони Тејлор.

Сите му забележуваат за два недосудени пенали, наиде на жестоки напади по мечот, но најголемата срамота ја доживеа на пат за дома. Тејлор на аеродромот во Будимпешта беше пречекан од стотина навивачи на Рома кои откако го забележаа веднаш го нападнаа.

Во еден момент бројни навивачи се собраа околу него со желба физички да се пресметаат. На негова среќа полицијата брзо реагираше па го „протна“ до лифтот и го спаси од гневните навивачи.

Некои од навивачи тргнаа да се тепаат и со обезбедувањето и полицијата која го штитеше Тејлор.

Како што е познато, и Мурињо по средбата не бираше зборови навреди кон Тејлор кого го пречека пред автобусот на крајот од натпреварот.

„Е.ена срамота. Секоја чест, срамото“ – довикуваше Мурињо кој не можеше да се контролира, па сигурно го очекува и казна за ова однесување.

Се вчитува...