Огромен удар за Ферари: Казна за Леклер пред трката во Абу Даби

Се е подготвено за последната трка во Формула 1 шампионатот што викендов ќе се вози во Абу Даби, Ферстапен веќе ја потврди доминацијата во индивидуална конкуренција, но Ферари се надеваше дека ќе успее да се закити барем со трофејот за конструктори за оваа натперварувачка сезона.

Италијанскиот тим има 21 бод помалку во однос на Мекларен, во Ферари се надеваа на чудесна еден-два победа во Абу Даби во обид да ја надополнат големата негатива, но мисијата стана уште поневозможна по казната што му беше изречена на Шарл Леклер. Возачот од Монако имаше проблеми со болидот и механичарите мораа да извршат одредени надградби во електрониката, што согласно Ф-1 правилата значи и казна од десет места за возачот, во однос на пласманот што ќе го избори во квалификациите за пол-позицијата.

Во ситуација кога мора да се атакува на највисок пласман, јасно е дека Ферари се соочува со неверојатен предизвик, да надополни негатива од 21 поен во последната трка од шампионатот, а Мекларен е многу блиску до титулата за конструктори во Формула 1 шампионатот за 2024 година.

Се вчитува...