Огромна драма, две продолженија, Торонто израмни на 3-3…, ЛА Клиперс на чекор од финале (ВИДЕО)

Кошаркарите на Торонто славеа против Бостон по две продолженија со 125-122 израмнувајќи во серијата од НБА плеј-офот на 3-3.

Во феноменален натпревар Бостон водеше се до средината на третиот период, но од тој момент Торонто успеа да се врати и да се избори за продолжение. По израмнетото прво, успеа да слави во второто за 3-3.

Кајл Ловри со 33 поени, дополнети и со осум скока и шест асистенции беше одличен кај Торонто, а Пауел заврши со 23 поени. Од спротивната страна, Џејлен Браун мечот го заврши со 31 поени и 16 скока, додека Џејсон Татум запиша 29 поени, 14 скока и 10 асистенции.

На чекор од финале во Западната конференција е ЛА Клиперс кој славеше против Денвер со 96-85, поведувајќи со 3-1 во серијата.

Каваи Леонард со 30 поени, 11 скока и девет асистенции го предводеше ЛА Клиперс до победата, додека на спротивната страна Никола Јокиќ постигна 26 поени, а имаше и 11 скока.

Се вчитува...