АТП објави голема промена на тениските турнири почнувајќи од 2025 година која се однесува на бришење на линиските судии во „белиот спорт“.
Како што објави претседателот на АТП, Андреа Гауденци, оваа професија дефинитивно заминува во историјата и од 2025 година линиски судии веќе нема да се користат на ниту еден турнир ширум Европа и светот. Системот „Око соколово“ им овозможува на тенисерите да ги проверуваат судиските одлуки, а од 2017 година оваа технологија се тестираше и за константно користење во текот на мечевите.
„Долго размислувавме за оваа одлука и заклучивме дека, иако линиските судии се дел од тениската традиција, ние мораме да ги следиме трендовите за да им овозможиме на навивачите и на играчите најдобро можно искуство“, изјави Гауденци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА