Шпанија е во шок, поради веста за смртта на 15-годишниот фудбалер на Реал Сарагоса, Хорхе Касадо. Касадо починал денеска наутро од природна смрт, објави клубот на социјалните мрежи.
„Хорхе, член на Сарагоса од детството, се приклучи на младинската академија како играч од А12 и оваа година ја играше својата шеста сезона во клубот. Многу сакан во соблекувалната, тој остава незаменлива празнина во својот тим, тимот А до 16 години и во Реал Сарагоса. Упатуваме длабоко сочувство до семејството и до најблиските “, се вели во соопштението.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Касадо немал никакви проблеми со здравјето. Поради неговата смрт, одложени се сите натпревари во младинските категории во Шпанија. Младинскиот погон на Сарагоса ќе ги прекине сите активности. Натпреварите во сениорска конкуренција во Ла Лига ќе почнат со минута молчење.
Тренингот на првиот тим на Сарагоса денеска почна со минута молчење.
La familia zaragocista, de luto por el fallecimiento del jugador cadete Jorge Casado
El club decreta día de luto oficial y toda la estructura de la Ciudad Deportiva paralizará su actividad este luneshttps://t.co/Si8S3kxszD pic.twitter.com/RgNaxHlOAw
— Real Zaragoza (@RealZaragoza) October 27, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

