Огромно признание за едрењето во Македонија: Охрид ќе биде домаќин на 30-то јубилејно Генерално Собрание на Европската едриличарска федерација! (ФОТО)

Огромно признание за Македонија и Едриличарската федерација на Македонија на годинашното Собрание на Европската едриличарска федерација (ЕУРОСАФ) кое изминативе денови се одржа во Ла Валета во Малта.

На Собранието на ЕУРОСАФ, Едриличарската федерација на Македонија беше претставувана од претседателот Стефан Ставрев како и генералниот секретар Славчо Мошоски.

А меѓу бројните одлуки на делегатите на Собранието, Едриличарската федерација на Македонија е избрана да биде домаќин на 30-то јубилејно Годишно Собрание на Европската едриличарска федерација во 2027 година!

 

30-то јубилејно Генерално собрание на ЕУРОСАФ ќе се одржи од 17 до 19 април 2027 година во Охрид!

 

„Ова признание е потврда за посветената работа, растот и потенцијалот на македонското едрење, како и значаен чекор кон зголемување на институционалната поддршка и подигнување на едрењето на ниво на национален приоритет. Нашата цел е преку вакви меѓународни соработки да го поттикнеме интересот на државните и локалните власти за заедничко градење на Охридското Езеро како регионален центар за едрење“ – истакнаа првите луѓе на Едриличарската федерација на Македонија по Собранието на ЕУРОСАФ во Малта.

Се вчитува...