Охрид без проблеми против Куманово

Ракометарите на Охрид славеа со убедливи 32-17 над Куманово во натпревар од 11. коло во А групата во Суперлигата на Македонија. Охриѓани уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на пауза имаа предност од 14-7.

До крајот на мечот разликата само се зголемуваше во корист на домашниот тим за конечни 32-17. Најдобар поединец кај победникот беше Иван Тасески со седум погодоци, додека кај поразените Андреј Миладиновски заврши со четири гола.

Претходно денеска Вардар во дербито славеше на гостувањето кај Алкалоид со 22-30, додека Еурофарм Пелистер на домашен терен беше подобар од Голден Арт со 25-21.

Се вчитува...