Охрид до убедлива победа со Струга во езерското дерби

Без апсолутно никакви проблеми, ракометарите на Охрид дојдоа до убедлива победа од 31-24 против Струга во езерската дерби пресметка на Суперлигата на Македонија.

Во вториот свој меч во Суперлигата, охриѓани ја запишаа и втората победа рутински славејќи против стружани. Победата беше најавена уште во првото полувреме кое Охрид го доби со 17-11.

Во второто полувреме само рутински се одржуваше и зголемуваше предноста за конечна победа од седум гола разлика.

За Струга ова беше и втор пораз во вториот натпревар во плејофот од Суперлигата.

Се вчитува...