Охрид доби организација на Европски куп во триатлон и за следната година

Организацијата на високо ниво, посветеноста, и позитивните оценки од делагатите од првото издание на Европскиот куп и Балканското првенство во триатлон вродија со плод. Триатлон федерацијата на Македонија (ТФМ) и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ од Охрид добија нова можност за организирање на Европски куп во триатлон за јуниори, кој ќе се одржи на 6-7. јули следната година во Охрид.

„Продолжуваме да чекориме по зацртаната цел и да го исполнуваме ветеното. Оценките на делегатите, посебно од српскиот кој не го криеше задоволството од добрата организираност и посветеност многу ни помогна. Пред нас стои нов предизвик. Со две раце го прифативме и веќе почнуваме со работа и подготовка. Охрид ги воодушеви сите учесници и гости, а преставниците од Европската триатлон федерација беа импресионирани од условите кои ги нуди нашиот град“ изјави првиот човек на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ , Иван Цветкоски.

Првото издание на Европскиот куп во триатлон за јуниори и Балканското првенство во Охрид се одржа на 15. септември оваа година, а учество зедоа вкупно 280 натпреварувачи.

Се вчитува...