Охрид ги чува и најдобрите Македонци

Раководството на Охрид по потпишаните нови договори со дел од клучните странски играчи, денеска објави дека ја продолжува соработката и со двајцата најдобри македонски ракометари од минатата сезона. Голманот Никола Даниловски и левиот бек Мартин Манасков и во следната сезона ќе го носат дресот на охриѓани, откако целосно ги оправдаа очекувањата по ланските трансфери од Металург, односно Пролет.

„Даниловски и Манасков остануваат во РК Охрид. Преговорите се одвиваа без пречка и веднаш постигнавме договор со ракометарите. Во најскоро време очекуваме да пуштиме рака и со другите играчи, кои беа дел од мината сезона“ –потврдија од раководството на РК Охрид.

Претходно, охриѓани ја продолжија соработката со тренерот Раде Стојановиќ и со триото интернационалци Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот.

Се вчитува...