Охрид испушти победа против Пролет во Суперлигата

Охрид и Пролет ремизираа 20-20 (10-8) во третото коло од ракометната Суперлига на Македонија.

Охриѓани пред својата публика имаа предност во поголемиот дел од мечот, на полувремето заминувајќи и со два погодоци предност, 10-8, но на крајот мораа да се задоволат само со бод откако во вториот дел Пролет пак постојано имаше предност од еден гол до самиот финиш.

Охрид стигна на тој начин до првиот свој бод во плеј-оф разигрувањето за титулата, додека Пролет има 4 бода, на четвртата позиција на табелата, со што чекори напред кон позициите кои водат во Европа.

Во составот на Охрид се истакнаа Младеновски и Андоновски кои постигнаа по пет голови, додека кај гостите седум погодоци постигна Александар Василевски. Голманот на Пролет, Кимески запиша 14 успешни интервенции.

Во плеј-аут разигрувањето за опстанок, Вардар јуниор го победи Прилеп со 34-23.

Се вчитува...