Охрид ја доби битката со Бутел

Охрид триумфално го стартуваше настапот на турнирот во Струга откако избраниците на Раде Стојановиќ по голема битка славеа над Бутел со резултат 25-24, како увертира за утрешниот дуел на охриѓани против екипата на Вардар.

Мечот донесе големо тактичко надмудрување и борба буквално до последната минута. Скопјани беа нешто подобри на стартот, поведоа со 6-3, но по тајмаутот на Стојановиќ тимот на Охрид ја консолидираше играта. Цврстата одбрана им овозможи на охриѓани да направат пресврт и да поведат со 8-7, па потоа на одмор да заминат со минимално водство од 10-9.

Тоа беше најава за возбудливото второ полувреме во кое се играше крајно израмнето во текот на триесетте минути. На крајот, пресудија „ладните глави“ на охридските ракометари, кои ги казнија двете пробивања на „бутелци“ во клучниот дел од мечот. Ивановски погоди во последната минута за печат на победата (25-23), за Бутел буквално во последната секунда само да го ублажи поразот.

Се вчитува...