Охрид лесно го освои Прилеп

Ракометарите на Охрид денеска издвојуваа лесна победа на гостувањето во Прилеп. Од почетокот до крајот, гостите имаа предност која ја одржуваа, и на крајот дојдоа до највисоката предност од девет разлика, како што и заврши натпреварот.

Уште на полувремето охриѓани покажаа сила, и дека се дојдени во Прилеп за да победат, па така имаа предност од пет гола (9:14).

Во вториот дел долго време се играше гол за гол, се до 20:25, а потоа Охрид направи предност и од седум разлика, на крајот стигна и до највисоките девет за конечни 21:30.

Најефикасен на средбата беше Додиќ со осум гола, а зад него Николов со шест гола. Во таборот на Прилеп Трајковски постигна шест гола.

Се вчитува...