Охрид не доби вајлд карта за Европската Лига, Е. Пелистер од првиот шешир ја чека ждрепката

Екипата на ГРК Охрид нема да игра во ЕХФ Европската лига идната сезона, откако не доби вајлд карта од страна на европската ракометна федерација ЕХФ. Таму ќе игра само тимот на Е.Пелистер, кој е единствен претставник од Македонија.

И покрај тоа што е актуелен освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, сепак, Охриѓани нема да бидат дел од повисокото по ранг европско клупско натпреварување.

Битолчани, пак, според ранкингот ќе бидат во првиот шешир во ждрепката која ќе се случи на 17 јули, заедно со Флензбург, Нексе, Татабања, Севехоф, Извиѓач, Бенфика и Бидасоа.

Се вчитува...