Охрид одново поразен во АБА 2

Охрид го претрпе и осмиот пораз во низа во Втората лига на АБА, Динамик предводен од Мута Николиќ заминува со лесни бодови од „Билјанини извори“, српскиот состав беше убедлив при конечни 104-88. Охриѓани покажаа „заби“ на стартот од средбата, но како што одминуваше времето гостите ја преземаа контролата, па така второто полувреме го започнаа со сигурни +13 поени предност при резулат од 57-42.

Избраниците на Петар Чочороски се обидоа да пружат отпор во продолжението, дури и го освоија третиот период со 25-20, сепак далеку од доволно за да се стигне до позитивен исход.

Јунаковиќ и Рос беа најефикасните кошаркари за домашната екипа, со 25, односно 21 поени. Зимиќ додаде 15, Јанески 12 поени. За Динамик најрасположен кошаркар беше екс-кошаркарот на Гостивар, Александар Тодоровиќ со 22 поени и девет скока.

Се вчитува...