Охрид освоен без мака – Работнички тргна со „плус 52“

Кошаркарите на Работнички убедливо ја стартуваа одбраната на шампионската титула откако денеска во рамките од првото коло рутински славеа на гостувањето против Охрид со резултат 52-94.

Уште пред мечот беше јасно дека разликата во квалитет е огромна, а избраниците на Марин Докузовски рутински ја оправдаа фаворитската улога на теренот. „Црвено-белите“ во првата четвртина постигнаа двојно повеќе поени од домаќините (14-28), а потоа подолгата клупа му овозможи на тренерот на Работнички да одмори дел од играчите, а сепак оние кои се наоѓаа на теренот да продолжуваат да ја зголемуваат позитивата се до конечните 52 поени разлика.

Кире Николовски беше најефикасен со 16 поени, по 12 постигнаа Ефремовски и Чавдар Костов, а еден помалку Бојан Крстевски. Најдобар стрелец на Охрид при првиот натпревар сезонава беше Хил со десет поени.

Се вчитува...