Охрид преку Бутел до нова победа во ракометната Супер-лига

Ракометарите на Охрид ги израдуваа своите фанови на домашен терен откако славеа над Бутел од Скопје со 25-22 во дуел од осмото коло на ракометната Супер-лига.

Домаќините уште во првото полувреме ја најавија својата победа, успевајќи во серија да постигнат четири гола, предност која ја сочуваа до свирежот за пауза, 12-8.

Во вториот дел охриѓани рутински го одиграа мечот. Без да им дадат поголема надеж на гостите, продолжија да ја одржуваат веќе стекнатата предност, a ваквата поставеност кон играта им донесе мирен крај за продолжување на победничката серија во нашата најсилна ракометна лига.

Халил Озтурк со седум погодоци ги предводеше домаќините, додека кај гостите се истакна Филип Николов со седум гола.

Се вчитува...