Охрид се засили со Орјоникидзе

Левиот бек Теимураз Орјоникидзе е нов ракометар на ГРК Охрид. 27 годишниот лев бек (195 cm и 95кг) во Охрид доаѓа од екипата на Кокс, Финска. Претходно настапувал во Романија и Унгарија, а има искуство и во македонскиот шампионат со оглед дека настапуваше во Еурофарм Пелистер и Прилеп.

Со своите одлични настапи и помогна на репрезентацијата на Грузија за првпат да се најде на европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година.

Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи!” – изјави Теимураз.

Се вчитува...