Охрид со пресврт до реми, прекината победничката серија на Бутел

Ракометарите на Бутел обезбедија само реми против домаќинот Охрид со резултат од 25-25 во рамки на првата македонска ракометна лига.

Почетокот донесе нешто подобра игра на ракометарите на Бутел, кои пред се благодарение на цврстата одбрана успеаја да направат брза предност. Ваквиот пристап кон играта „бутелци“ го продолжија до крајот на полувремето, па на пауза заминаа со предност од 14-17.

Второто полувреме донесе вистински пресврт. На теренот како да излегоа два различни тима, Охрид се врати во игра и демонстрираше одлична одбрана и супер ефикасен напад, додека тимот од Скопје беше на моменти неутрализиран. Неизвесноста на овој двобој траеше се до самиот крај, а играта „гол за гол“ донесе конечно реми и поделба на бодовите меѓу двата тима.

Мице Шилегов и Филип Николов со шест гола беа најдобри кај домаќините, додека кај Бутел се истакна Мирко Бајиќ со девет гола.

Се вчитува...