„Охрид трчаТ“ – вредиТ, за сите пари… Супер организација, забава, уживање за сите! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Охрид трчат 2018“ и неговите организатори и дефинитивно покажаа дека креираат атлетска манифестација која ја освои и ќе ја освојува Македонија наредните години.

Беспрекорна организација, масовност со повеќе од 1000 учесници за која малку кој очекуваше, вистинска забава испратена со бројни музички елементи низ целата патека, повеќе од 200 волонтери, станици за освежување безмалку на секој еден километар,… и сето тоа испратено со бројни личности од јавниот и општествениот живот… Сето тоа по заслуга на главниот виновник -, директорот на трката Иван Цветкоски.

Поддршка за „Охрид трчаТ“ како приказна која освојува дадоа и малиот Јане Велковски кој уште еднаш ја покажа сета своја определба за вистински спортски активности, Министерот за здравство Венко Филипче, пратеникот од Охрид, Томислав Тунтев, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски… кои трчаа на трката на 10 километри.

На крајот еднакво е размислувањето на сите учесници: „Охрид трчат“ дефинитивно вредиТ – за сите пари!

 

Се вчитува...