Oхрид во трилер меч го совлада Тиквеш среде Кавадарци

Ракометарите на Охрид стигнаа до голема победа во борбата за едно од првите четири места во плеј-офот од Суперлигата на Македонија, откако вечерва во трилер-меч славеа на гостувањето кај Тиквеш со 22-25.

Натпреварот во салата „Јасмин“ почна израмнето па во првите десет минути се играше гол за гол (5-5). Гостите први успеаја да се одлепат и со серија од три погодоци стигнаа до највисоките плус три (5-8). Во следниот период од мечот имаше резултатска клацкалка, но домаќините некако до крајот на првиот дел успеаја да стигнат до сами минус еден 12-13.

Во вториот дел се играше гол за гол, се додека Тиквеш за првпат во мечот во 47. минута не стигна до плус два 21-19. Следеше серија од четири гола на гостите, па на шест минути до крајот на мечот влегоа со позитива од плус два (21-23).

До крајот гостите успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 22-25. Гал Цицар со седум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Срџан Мијатовиќ заврши со шест погодоци.

Се вчитува...