Охриѓани го изненадија Куманово на гости

Кошаркарите на АВ Охрид остварија гостинска победа против Куманово (66-79) изненадувајќи го домашниот тим во второто коло од Супер-лигата. Охриѓани на полувремето имаа предност од десет поени (39-49) и успеаја да ја одржат и надградат до самиот крај.

Мирза Ахметбашиќ со 28 поени беше најефикасен кошаркар во победничкиот тим, а Рос Кенет беше стрелец на 15 поени. Кај кумановци, тројца кошаркари уфрлија по 15 поени, Марјан Јанески, Никола Караколев и Бранислав Ѓекиќ.

Се вчитува...