Охриѓани им се заблагодарија на пет ракометари

Ракометниот суперлигаш Охрид се раздели со пет ракометари кои следната сезона нема да го носат сино-белиот дрес.

Како што информираа од клубот, Охрид им се заблагодари на соработката на Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов.

Охриѓани најавуваат дека ќе има и промени во тренерските позиции на клубот во сите категории од младинските селекции.

Претходно, како што е познато, Охрид како свои нови имиња ги промовираше голманот Берин Бркиќ, како и левиот бек Теимураз Орјоникидзе од Грузија.

Се вчитува...